Перија: Улицата е нашата најголема сцена Леа, Kате, Ева и Филиз се четирите девојки кои ја сочинуваат музичката групата Перија. За себе велат дека се улични артисти и дека улицата за нив претставува најголема сцена каде се достапни за секој оној кој сака добра музика. Во разговор за Anadolu Agency (AA), зборуваат за љубовта кон музиката, уличната уметност, мотивите, идејата и желбата да излезат на улица и со нивното музицирање расположувајќи ги многубројните минувачи во центарот на Скопје. “Во име на сите можам да кажам дека сме многу благодарни, поради идејата што ја пренесуваме, мислам дека суштината на идејата постоеше отсекогаш, само ние и дадовме форма и име и ја нарековме Перија", вели Леа, која е една од четирите девојки од оваа група, почнувајќи го разговорот за АА, зборувајќи за за реализирање на нивната идеја во реалност. #AA @aa_macedonian http://v.aa.com.tr/520479